Пристигнува совршен изум, сладолед кој е отпорен на топење на жештини

Од:

Звучи како сон на сладокусците, но научниците по откритието на протеин кој може да го задржи сладоледот замрзнат, покренаа развој на десерт кој повеќе нема да капе…

Го лижете омилениот сладолед на сонце, тој ве освежува и заблажува, но се тоа го расипуваат капките по рацете и фактот дека пребрзо се топи, па едноставно мора брзо да го голтате? На тоа дојде крај, тврдат шкотските научници од Универзитетот во Единбург и Данди, кои смислиле како да го спречат топењето, пишува Си-Ен-Ен.

Имено, тие откриле протеин кој го спречува топењето на омилениот сладолед во светот, збивајќи ги атомите на воздухот, маснотиите и водата во сладоледот.

Протеинот под името BslA природно постои во некои намирници, а научниците открија метод за развој на тој протеин со помош на т.н. добри бактерии. Тврдат дека добивањето на BslA во сладоледот нема да го измени неговиот вкус.

– Возбудени сме поради новата состојка која може да го усоврши сладоледот, а тоа ќе ги олесни работите и на производителите и на купувачите, посебно при превозот на сладоледот во кој често доаѓа до топење, па повторно замрзнување – рече директорот на проектот, проф. Кеит МекФи.

Тој додава дека ова откритие има и други позитивни страни, па така новиот начин на производство ќе овозможи и ставање на маснотии и калории во сладоледот, ќе се намалат трошоците за енергија кај складирањето и доставата. Најавува дека сладоледот на иднината на широкиот пазар треба да се најде за три години.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ