Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Од:

Кралското семејство долго време спроведува правило кое е начин да се заштити лозата од исчезнување. Строго кралските семејства мора да ги почитуваат сите што се на линија за тронот.

Правилата во кралското семејство не се ретки, но во морето правила на она што треба да ги почитуваат принцовите и принцезите, се издвојува едно особено од причина што е и оправдано и бизарно во исто време.

Она што некогаш требаше да го почитуваат Вилијам и Хари, сега ги чека принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а подоцна и Луис.

Имено, кога принцот Џорџ ќе наполни 12 години, потенцијално повеќе нема да смее да патува со својот татко и сестра.

На 12-годишна возраст, на Вилијам му било забрането да патува со својот татко или помладиот брат, а сега истото сценарио ги чека и неговите деца.

Бидејќи денес Џорџ е трет во редот за тронот, а Шарлот е четврта, правилото е начин да се спречи изумирањето на линијата и на тој начин да се загрози тронот доколку се случи несреќа.

Веста за невообичаеното правило ја откри поранешниот пилот на кралот Чарлс, Греам Лори, во пресрет на 11-тиот роденден на принцот Џорџ, а тоа е 22 јули.

Принцезата Шарлот нема да смее да патува со авион со нејзиниот брат.

„Сите заедно летавме со сегашниот крал Чарлс и Дијана и принцовите Вилијам и Хари додека принцот Вилијам не наполни 12 години рече Лори.

Ако историјата се повтори, тоа значи дека од следната година принцот Џорџ би летал одвоено од својот татко и помалиот брат и сестра, пишува Independent.

Сепак, се појави и извор кој тврди дека принцезата Шарлот и принцот Луис можеби нема да станат членови на кралското семејство и дека ќе им биде дозволено да патуваат со својот брат, сестра, татко и мајка.

Според извор за кој се вели дека работел во Бакингемската и Кенсингтонската палата како персонал, тоа ќе биде направено како дел од „радикалните планови за преобликување на британската монархија откако Вилијам и принцезата Кејт ќе се качат на тронот“.

“Беше предложено дека принцезата Шарлот и принцот Луис можат да изберат што да прават со својот живот во иднина. Ќе бидат охрабрени да изберат и да не станат членови на кралското семејство”, изјавил инсајдерски за The Daily Beast.

Поранешниот кралски функционер, сепак, призна дека тоа едноставно нема да биде опција за принцот Џорџ.

„Тие се изложени на минимум можен публицитет, што е намерна стратегија да им се дозволи на Шарлот и Луис сами да си ја изберат судбината“, вели инсајдерот.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он