Преработка на песната “We are the world” посветена на децата со ретки болести

Од:

Традиционално веќе неколку години децата од градинките и од основните училишта од општина Охрид во месец ФЕВРУАРИ, месецот посветен на ретките болести со преработка на некој светски музички хит се солидаризираат и ја покажуваат својата емпатија не само кон нивните другарчиња со ретки болести, туку и кон предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат. Песната е креативен начин да се изрази поддршка од страна на група дечиња на лицата кои се справуваат со ретки болести, особено на децата кои боледуваат од некоја ретка болест.

Оваа година во студиото продуцентот Јовица Каралиевски во изведба на К-2 ѕвездичките и детскиот хор Ѓердан од бисери под водство на Татјана Узуноска Тренеска децата од градинките и од основните училишта од Охрид од сè срце учествуваа во преработката на светскиот хит “We are the world” (Ние сме светот).

Со оваа изведба, децата – изведувачи испраќаат силна порака дека секој од нас треба да направи напори во рамките на своите можности и да понуди опција за поквалитетен живот на лицата со ретки болести, на нивните семејства и да се создаде опкружување во кое луѓето ќе имаат целосно разбирање за предизвиците со кои овие лица постојано се справуваат.
Како што кажува и самиот текстот на хитот, децата се светлата страна на светот и иднината во која постојано треба да се инвестира најмногу труд и време сè со цел напредок на целокупното човештво и човечка заедница. Со многу обоени раце, со многу љубов, со многу насмевки и со прекрасно испеани стихови, чистите детски души уште еднаш покажаа хуманост и поддршка и по кој знае кој пат докажаа дека сите сме исти.

“Со текстот на песната децата ги повикуваат возрасните да им се даде шанса на сите деца да имаат иднина, што за лицата со ретки болести значи, вложување во медицински истражувања и понуда на соодветна терапија која ќе им овозможи на лицата со ретки болести поквалитетен живот и живот без значителни здравствени потешкотии. Како што порачуваат децата, доколку возрасните (институциите) се грижат за децата и децата ќе се грижат да создадат похуман свет во кој ќе стареат возрасните и секако свет во кој секој би имал шанса за многу поубав и поквалитетен живот. Во песничката се вели “тука сме само јас и ти“ и одговорност на возрасните, односно институциите и креаторите на политики е да создадат поубава иднина на децата, а децата имаат право да го побараат тоа од нив, без да бегаат од одговорност или да ги оставаат работите за некое ново и поубаво “утре” вели Гордана Лолеска – претседателка на здружение Ретко е да си редок Охрид.

Би можело да ве интересира

Дијагностицирањето на ретките болести е тешко, сложено и скапо, потребно е континуирано финансирање на терапиите

Набавен е лекот за децата со ретката болест Ахондроплазија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Охрид блеска во боите на ретките болести

Ана Ололовска

Во градскиот парк во Скопје се враќа хуманитарната трка за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон

Ана Ололовска

Пациентите со ретки болести цел месец без лекови, чекаат да завршат роковите за жалби на тендерот

Орце Костов

Во Македонија се евидентирани 652 лица со ретки болести, лани дијагностицирани и неколку случаи на ултра ретки болести

А1он