Набавен е лекот за децата со ретката болест Ахондроплазија

Од:

„Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот.

Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија.“ – објави министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на својот официјален Facebook профил.

Меџити информираше дека лекот Vosoritide е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести и е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од клиниката.

За набавка на лекот Vosoritide обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.

Лекот е клучен за третманот на болеста и влијае на поттикнување на развојот на пациентите со Ахондроплазија, болест која се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето.

Би можело да ве интересира

Дијагностицирањето на ретките болести е тешко, сложено и скапо, потребно е континуирано финансирање на терапиите

Преработка на песната “We are the world” посветена на децата со ретки болести

ВИДЕО: Охрид блеска во боите на ретките болести

Ана Ололовска

Во градскиот парк во Скопје се враќа хуманитарната трка за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон

Ана Ололовска

Пациентите со ретки болести цел месец без лекови, чекаат да завршат роковите за жалби на тендерот

Орце Костов

Во Македонија се евидентирани 652 лица со ретки болести, лани дијагностицирани и неколку случаи на ултра ретки болести

А1он