Премиера на холивудскиот филм „Пајни: Oсамената елка“ на кој работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“

Од:

Анимираната приказна „Пајни: осамената елка“ на која работеше македонската компанија „В Хаус Анимејш“ (www.vhouseanimation.com), по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, ќе има светска премиера на 3 ноември во Лос Анџелес.

Приказната го следи необичното пријателство на деветгодишната Џорџи и нејзината омилена елка Пајни за која девојчето се грижи со години. Кога Пајни по грешка ќе биде ставен во следната празнична пратка, Џорџи и нејзиниот дедо ги поминуваат сите места со новогодишни елки, во обид да го најдат Пајни пред празниците да завршат. Следејќи го Пајни низ неговото невообичаено патување, неговите надежи, сонови и разочарувања, приказната го поставува прашањето: „Што доколку новогодишната елка не стигне во својот дом за празниците?“

„Пајни: осамената елка“ трае 25 минути и влегува во категоријата кратки анимирани филмови. Комплетната анимација, продукција и постпродукција на ова остварување беше работена девет месеци од тим од 60 цртачи и аниматори.

– Ова е голем успех за македонската компанија, која постои десет години и која веќе има солидно портфолио од сферата на анимираниот филм Премиерата на филмот на црвениот тепих во Холивуд е потврда за квалитетот кој македонската компанија ја става на рамниште со светските анимациски студија од целиот свет, соопшти студиото „В Хаус Анимејш“.

Гласовите на ликовите се на познати актери: Џонатан Прајс (познат по улогите во „Игра на тронови“, „Сопругата“, „Пиратите од Карибите“), Сајмон Пег (улоги во серијалот филмови „Невозможна мисија“, „Ѕвездени патеки“, анимираниот „Ајс Ејџ“) и Џејсон Ентони („Дневниците на Нарнија“, „Филмот за лего“, „Хари Потер“).

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска