Денешниот ден, 28 септември низ светот се прославува како ден на глупавите прашања.
Овој празник е основан на почетокот на осумдесетите години во САД, од група наставници што сакале на алтернативен и интересен начин да ги мотивираат учениците за време на часовите да бидат поактивни и поставуваат прашања.
Со помош на Интернетот, овој празник брзо се проширува во многу земји низ светот.
Едни од пионерите на глупавите прашања се британските комичари што создадоа голем број скечеви екранизирани во хумористичната серија „Монти Пајтон“.