Предењето на мачката има исто влијание на стресот како и апчињата

Од:

Предењето на мачка го ублажува стресот, несоницата или каква било  вознемиреност, токму како што тоа го прават апчињата, потврдија ветеринарите.

Ветеринарот  Жан Ивс Гуше од Тулуз и голем поборник на „терапијата со предење“ рече дека таа навика на мачките го смирува човекот и делува како „лек, но без несакани нуспојави“.

– Кога организмот се бори со тешки ситуации како стресот, предењето произведува смирувачки звуци, кои делуваат речиси како музика, објасни Гуше. Тој истакна дека предењето, кое има ниска фреквеција, не делува само на човечкото уво, туку и на завршетоците на нервите на кожата, кои ги пренесуваат позитивните импулси во мозокот, јави „Блиц“.

Освен предењето, ветеринарите истакнуваат и уште некои предности на мачките. – Мачката е вечно бебе кое сака да се мази и бара да си играте со неа, што во некои случаи ги надоместува емотивните недостатоци на луѓето без деца, рече Гуше.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он