Последни подготовки за утрешниот почеток на „Пивофест“ во Прилеп

Од:

Во центарот на Прилеп, денеска привршуваат последните подготовки за утрешниот почеток на 12-от „Пивофест“, а учесниците на фестивалот ги поставуваат штандовите на булеварот, на плоштадите „Александрија“ и „Методија Андонов Ченто“.

– Се вршат последните подготовки. Состанок одржа координативното тело за организирањето и безбедно одвивање на „Пивофест“ во кое се вклучени сите структури и институции во греадот: полицијата, противпожарната единица, итната медицинска помош, инспекциските служби. Преземени се сите мерки. Трговијата и угостителите ќе работат со продолжено работно време. Утревечер, првата фестивалска вечер до 2 часот по полноќ, а наредните три вечери до недела до 3 часот по полноќ, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

На фестивалот ќе има преку 32 штанда, кои ќе бидат поставени на преку 20 илјади метри квадратни, а на посетителите им се обезбедени преку 20 илјади паркинг места.

Во Паркот на револуцијата, рече Ристески, ќе биде отворен и кампот за посетителите со авантуристички дух кои ќе бидат послужени со чорба и топли напитоци, а низ градот ќе кружи туристичкиот воз.

– Очекуваме преку 300 илјади посетители од земјава, Балканот и од светот. Традиционално се тука нашинците од прекуокеанските земји, Австралија, САД, вели Ристески, нагласувајќи дека сите сместувачки капацитети во градот се зафатени.

Според Станко Колекси, командир на прилепската противпожарна единица организацијата е на највисоко ниво за безбедност на посетителите.

– Преземени се сите мерки за највисока безбедност на Фестивалот. Не само противпожарната единица. Максимално сме подготвени и организирани и ги очекуваме гостите најбезбедно да ја проследиме манифестација, вели Колески.

Од Итната медицинска помош најавија дека ќе имаат свои екипи на три пункта. Една екипа, нагласуваат, е во текот на денот, додека во вечерните часови ќе има три медицински екипи.

„Пивофест 2014“ во Прилеп се одржува од 17 до 20 јули.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он