Студијата која траеше 75 години и е една од најдолгите која се однесува на човечкиот развој, почната во 1938 година, со опфатени 268 студенти од Харвард, откри дека за среќа и успех во животот е најважно да се живее во среќна врска полна со љубов и да бидеш близок со својата мајка, пренесува Бизнис инсајдер.
Најголемо негативно влијание врз животот на студентите има алкохолот. Алкохолизмот е болест со голема разорна моќ, изјави Џорџ Валиант, кој работеше на студијата речиси три децении.
Исто така, алкохолот е главна причина за разводи меѓу овие 268 студенти. Студијата покажа и дека интелегенцијата не е од пресудна важност – еднакви годишни приходи остварувале луѓе со коефициентитна интелегенцијата 110 и 150.
Што се однесува до сексот, тие кои во животот биле поконзервативни, нивниот сексуален живот се завршувал во просек со 68 години старост, а луѓето кои имале либерални ставови биле сексуално активни дури до нивните 89 години од животот.