Само 20 километри го делат местото Ангулем од Вулгезак, но и покрај малата оддадлеченост една поштенска разгледница цели 90 години го патувала оваа мало растојание, раскажува регионалниот весник „Суд Вест“, чие пишување го пренесува дописникот на МИА од Париз.
Разгледницата, која според проценките била испратена меѓу 1920 и 1925 година, е во добра состојба, но без поштенска марка. Лицето до кое била испратена картата починало пред шеесет години и разгледницата ја добил неговиот внук Клод Перо.
На прашањето како оваа картичка повторно се појави во поштата, засега никој не дава адекватен одговор.
Се претпоставува, сепак, дека поштарот пред 90 години најверојатно не ја нашол адресата и ја вратил разгледницата во поштата. На самата разгледница е дадена илустрација на централната пошта на Ангулем. За среќа пораката на разгледницата немала ништо ургентно.