Една Американка како подарок за празниците од својот сопруг побарала накит, а тој решил да се пошегува со неа па и купил филџан за чај, чија рачка потсетува на скапоцен прстен.
Интересниот дел кај филџанот е тоа што тој е така спакуван, што кога ќе се отвори капакот на кутијата се гледа само рачката, па се добива впечаток дека подарокот е скапоцен прстен.
– Мојата сопруга за Божик посака накит…. мислам дека нема да биде премногу среќна (со подарокот), напиша сопругот Џонатан Х. на Редит.
Џонатан натаму наведува дека очекува по отворањето на подсрокот неговата сопруга да одглуми радост и да си стави кафе во филџанот.
– Секако и ќе се слика со прстенот на својот прст и на нејзините пријателки на шега ќе им каже дека сум и купил накит, смета Џонатан.
Огромен број од корисниците на Редит меѓутоа мислат дека по давањето на подарокот Џонатан ќе „спие на каучот во дневата соба“, а некои сметаат и дека е можно неговата соруга да му даде развод или да добие „модринка на окото од ударот со филџанот“.