Осумдесет и двегодишната пензионерка Рене од Тулуз, на југозапад на Франција, решила да им се обрати на крадците кои што минатата година дури трипати и ја ограбиле куќата.
Како што пренесуваат француските медиуми, таа на влезната врата на својата куќа ставила натпис упатен до потенциајлните крадци „Господо крадци, нема потреба да ги кршите вратите и прозорците. Оние кои што беа пред вас, се однесоа“.
Рене вели дека живеела потполно безбедно, се до април минатата година, кога во рок од пет месеци нејзината куќа три пати била ограбена.
-Можеби поракава ќе го одврати. Кога ќе разберат дека нема што да украдат, можеби ќе престанат да влегуваат во куќата, наведува таа.
Според пишувањата на весникот „Либерасјон“, од почеток на 2013 година, само во Париз бројот на кражби е зголемен дури за 40 проценти во однос на 2012 година, што се доведува во врска со економската криза, но и со зголемување на цената на златото на пазарот.
Елена Георгиевска