Еден ресторан во Северна Каролина нуди 15 отсто попуст за гостите кои му се заблагодаруваат на Бога со молитва пред оброкот.
Мери Хаглунд, сопственичката на ресторанот „Мерис Гурмет Динер“ вели дека тоа е подарок за клиентите кои умеат да ја ценат нејзината храна и притоа не е важно дали молитвата е од христијанската или која било друга вероисповест. Овој локал веќе четири години го нуди овој попуст.
– Не ги предупредуваме гостите однапред. Никогаш не се рекламираме. Само им даваме сметка со 15 проценити попуст, вели Хаглунд.
Една локална радио станица неодамна емитувала прилог за овој ресторан и прикачила фотографија на Фејсбук со сметка на која има 15 проценти попуст.
Многумина ја нападнале Хуглунд дека ги дискриминира атеистите. Таа се брани со тоа дека „во светот има многу луѓе кои умираат од глад, додека ние живееме во земја која изобилува со храна“. – За мене тоа не е нешто што го земем здраво за готово, вели Хуглунд.
– Молитвата, медитација или едноставно дишење со благодарност ни ги отвора портите во срцето. Тоа е добро за сите нас, вели таа.