Поларна лисица преминала пат од Норвешка до Канада за 76 денови

Од:

Млада поларна лисица преминала пат од норвешкиот остров Свалбард до северна Канада, долг 3,506 километри, во траење од 76 дена.

„Патот на таа лисица ги остави научниците без текст”, објавија локалните медиуми од Гренланд.

Истражувачите од Норвешкиот поларен институт во март минатата година ставиле GPS уред на лисицата и ја пуштиле на слобода.

Во тоа време, лисицата била помала од една година. Таа тргнала во потрага по храна, а за само 21 ден пристигнала во Гренланд. Растојанието од островот Свалбард до Гренланд изнесува 1.512 километри.

Од Гренланд, тргнала понатаму и преминала околу 2.000 км до островот Елзмер во Канада.

Тоа било 76 дена откако лисицата заминала од Свалбард.

Истражувачите беа воодушевени, не толку со поминатите километри туку со брзината на движење на лисицата. Тоа е просечно 46 километри на ден.

„Не можевме да поверуваме во она што го гледаме, мислевме дека можеби угинала или се качила на брод, но во тоа подрачје нема бродови. Бевме шокирани”, рече Ева Фугли од Поларниот институт во Норвешка.

Досега не е познат случај на лисица која поминала толкав пат толку брзо. Поларниот институт соопшти дека лисицата направила две паузи за време на патот преку Гренланд.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он