Пола милион долари кауција, поради „шега“

Од:

Деветнаесет годишниот Џастин Картер, од Тексас, кој во март беше уапсен поради тоа што на Фејсбук на „ шега“ напишал дека ќе го крене во воздух своето училиште, е пуштен на слобода откако за него е уплатена кауција.

Тинејџерот кој што поради неумесната шега е обвинет за терористичка закана, добил голема поддршка од јавноста, а кауцијата во износ од пола милион долари ја уплатил анонимен донатор.

Како што пренесуваат американските медиуми, Картер мора да претстојува во близина на градот Њу Браунфелс, каде што го очекува судење за упатување терористичка закана.

-Мило ми е што излезе на слобода, неговото семејство е возбудено, ова беше тешко искушение за нив, рече неговиот адвокат Дон Фланари и објасни дека добил повик од донатор кој сакал да помогне.

Тој додаде дека неговиот клиент ќе се појави на сите рочишта и дека по пресудата парите ќе му бидат вратени на донаторот.

САД во последната деценија ја зафати бран од напади на ученици во средни и основни училишта. Последниот масакар се случи во декември минатата година кога во училиште во градот Њутон во Конектикат беа убиени 27 лица меѓу кои дваесет деца.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ