Во Скопје од денеска до 16-ти март по четврти пат ќе се одржи саемот за роботика „РобоМАК 2013“.
На саемот ќе учествуваат околу 80 домашни и 30 странски учесници, кои по петдневна обука ќе се соберат да ги одмерат силите на своите роботи во повеќе категории.
Целта на „РобоМАК 2013“ е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци.