И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

Од:

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на 1 септември ќе отпатува за Белград каде што ќе учествува на Меѓународниот саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“, пишува подгорички „Вијести“, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Меѓу лидерите од регионот, на саемот ќе присуствуваат и претседателите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, како и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Српскиот претседател најави дека че присуствуваат и Унгарскиот и Турскиот шеф на дипломатијата, како и други високи гости.

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, претходно изјави дека манифестацијата „Винска визија Отворен Балкан“, е еден од првите заеднички чекори во конкретизирањето на идеите и стратегијата на „Отворен Балкан“.

Најавено е дека на настанот ќе се соберат изложувачи од регионот, но и од целиот свет. Саемот ќе се одржи од 1 до 4 септември на Белградскиот саем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Белград мајка го пронашла својот мртов син, неговото тело се распаѓало

Момче од Белград и се заканувало на мајка му дека ќе ја убие додека таа во раце држела дете

Паника во Белград: Граѓани виделе маж со пушка како шета по улица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Улиците во Белград се претворија во реки, жена спасена од давење

Катерина Ѓуровски

На „црвено“ е зголемена безбедноста во Србија по денешниот терористички напад

Горан Наумовски

Нови информации за нападот во Белград: Напаѓачот беше мирен и примерен велат соседите