Почнува „Пивофест“, се очекуваат над 350 илјади посетители

Од:

Над 350 илјади посетители се очекуваат на годинашниот „Пивофест“ што вечерва ќе биде отворен во Прилеп.

За време на четирите фестивалски денови ќе се нудат над 40 видови пиво.

На отворањето ќе настапи победникот на Х-фактор, Даниел Кајмаковски, а фестивалот ќе го затвори балканската музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ. Водител на програмата сите четири вечери ќе биде Игор Џамбазов.

– Пивофест не е само обичен фестивал, туку е замислен како голема туристичка атракција на Прилеп и на Македонија, зашто и од Министерството за економија е потврдено дека е супер туристички бренд на државата. Очекуваме над 350.000 гости во четирите фестивалски вечери. Подготвени сме да ги примиме сите добронамерници на фестивалот, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Во центарот на градот на преку 20.000 метри квадратни се поставени 32 штандови на пиварниците и на угостителите.

– Угостителските капацитети се полни, резервирано е се со време. Хигиената и безбедноста ќе бидат на највисоко нив. Ова е единствениот фестивал од ваков вид во земјава кој се труди да понуди преку 40 видови пиво, домашни и странски, одлична скара и многу добра забава. Освен тоа, голем е економскиот бенефит за градот и за регионот. На посетителите им се на располагање и културните знаменитости, а туристичкиот воз ќе ги спои забавата и сето она што може да го понуди Прилеп, истакна Ристески.

Тој додаде дека веќе се пристигнати гости од земјава и странство, пред се иселеници од прекуокеанските држави.

– На располагање на посетителите со авантуристички дух е кампинг-просторот во паркот на Револуцијата каде гостите ќе бидат послужени со топли напитоци. Оваа година за фестивалот и за градот е значајна, зашто Прилеп одбележува 1000 години постоење, рече Ристески.

На денешната прес-конференција беа промовирани двата големи јубилеја 90 години Скопска пивара и Прилепска пиварница.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он