Со зголемени мерки на безбедност денеска во Минхен свечено беше отворен овогодинешниот 183. по ред „Октоберфест“.
Како што наведоа организаторите, на најголемата народна прослава во светот се очекуваат околу 6,5 милиони посетители.
Традиционално, градоначалникот на Минхен им посака на сите „мирно славење“, што со оглед на атмосферата во која се одржува овогодинешниот „Отоберфест“ има посебно значење.
За време на двонеделната прослава на „Октоберфест“ се пијат преку седум милиони литри пиво.
Оваа година „Октоберфест“ намерно нема да заврши во недела, туку во понеделник на 3 октомври, оти тогаш е германскиот државен празник „Денот на обединувањето“.