Почна 11. издание на Октоберфест во Скопје

Од:

Над 1.700 гости од бизнис секторот, амбасадори, претставници од медиумите и културата, присуствуваа на отворањето на 11. издание на Октоберфест во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.

Фестивалот беше отворен на традиционалниот начин на кој се означува почетокот и на Октоберфест во Минхен. Со дрвен чекан беше пробиен чепот на првото буре со пиво, а со изреката „О’запфт ис“ (тапата е отворена) почна вчерашната прослава.

-Во Германија на Октоберфест кој трае 14 дена се пијат 6,7 милиони литри пиво, на Октоберфест во Скопје за една вечер се пијат 5000 литри пиво. Се надеваме дека со овој настан на кој Пивара Скопје е наш домаќин ќе успееме да ја доближиме културата на пиење пиво во Македонија, рече на отворањето на манифстацијата Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во РМ.

Би можело да ве интересира

Започна „Октоберфест“, пивото поскапо од минатата година

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски

Редици во Минхен пред почетокот на фестивалот на пивото – Октоберфест

„Октоберфест“ дефинитивно откажан, втора година по ред

Жарко Настоски

И оваа година, најверојатно, ќе мине без „Октоберфест“

Ана Ололовска

Откажан годинашниот Октоберфест

Ана Ололовска