Почина шармантниот холивудски ветеран Кристофер Пламер, најстариот актер што добил „Оскар“

Од:

Познатиот канадско-американски актерски ветеран Кристофер Пламер, почина денеска во 91-та година од животот, јавија светските медиуми.

Неговото семејство соопшти дека тој починал во својот дом во американската сојузна држава Конектикат.

Роден во 1929 година во Торонто, Пламер ја почнал кариерата во театарот во Монтреал, каде добивал главни улоги во кои оставил впечаток. Првата филмска улога ја остварува во филмот „Stage Struck“ во 1958 година, а најпознат е по улогата на нацистичкиот капетан Фон Трап во филмот „Мои песни, мои соништа“ од 1965 година.

Пламер со неговата колешка, британската актерка Хелен Мирен, на снимањето на филмот „Последната станица“ во 2008 година

Aктерот, кој поради својата уметничка сестраност важеше за миленик на режисерите, во Холивуд во последните децении добиваше улоги на негативец. Тој имаше три номинации за најважната филмска награда „Оскар“, а ја доби во 2012 година, за споредната улога во „Почетници“, со што стана најстариот актер што е награден со вредната статуетка.

Пламер имал три брака, од кои има една ќерка, Аманда Пламер, која исто така е актерка.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска