Почина глумецот Дин Стоквел

Од:

Дин Стоквел, познат по улогата во научно-фантастичната серија „Квантен скок“ (Quantum Leap), почина на 85-годишна возраст. Холивудскиот глумец, кој имаше кариера долга 70 години, починал во неделата рано наутро во својот дом.

Неговиот гласноговорник рече дека тој починал од природна смрт.

Дин глумеше во 97 епизоди од телевизиската серија „Квантен скок“, од 1989 до 1993 година. Таа серија му донесе повеќе номинации за „Еми“, а во 1990. доби „Златен глобус“ за најдобра споредна машка улога.

Тој ја започна својата кариера како дете во 1940-тите, глумејќи во филмови како „Anchors Aweigh“ и „Gentleman’s Agreement“. Беше номиниран и за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Омажена за мафијата“ (Married to the Mob) од 1988 година.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска