Почина ѕвездата на „Црниот пантер“, Чедвик Босман

Од:

Американскиот актер, Чедвик Босман, кој се прослави со улогата во „Црниот пантер“, почина од рак на 43-годишна возраст.Тој починал во својот дом, во присуство на неговото семејство.

На Босман му бил дијагностициран ракот пред четири години, но болеста на актерот не беше јавно објавена. Босман се проби во филмскиот свет играјки улоги од реалниот живот, како што се безбол легендата Џеки Робинсон и соул пејачот Џејмс Браун.

Сепак, светска слава стекна со главната улога во „Црниот пантер“, блокбастерот од 2018 година, по која ќе остане запаметен. Во овој филм, Босман ја има улогата на владетел на Ваканда, фиктивна африканска нација која ја поседува најнапредната технологија на Планетата.

Освен што доби одлични критики и заработи повеќе од 1,3 милијарди долари во кината ширум светот, филмот се смета за културна пресвртница поради тоа што речиси сите улоги ги играат афроамериканци , како и режисерот Рајан Куглер.

Минатата година Босман изјави дека филмот го сменил сфаќањето за тоа што значи да се биде „млад, талентиран и црн“.

„Црниот пантер“ стана првиот филм за суперхерој што добил номинација за најдобар филм на Оскарите.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска