Едно од најпознатите кучиња во светот, Бу, почина синоќа, објави неговата сопственичка на „Фeјсбук“. Најслаткиот померанец во светот имаше 12 години, а причината за смртта, како што наведува сопственичката, е буквално скршено срце откако Бу се разболе во 2017 година кога угина кучето Бади, неговиот најдобар пријател.
Бу на социјалните мрежи беше попопуларен од многу светски ѕвезди и имаше околу 17 милиони „пријатели“. Симпатиите во светот ги освои поради неговата фризура, фотогеничност и фотографиите кои неговата сопственичка ги објавуваше на интернет.
Поради неговата фризура, Бу беше толку поинаков од померанците и се мислеше дека е од посебна раса на кучиња. Илјадници сопственици на померанци ширум светот ја копираа неговата фризура, но никогаш не се појави куче слатко како него.
„Драги пријатели, со најдлабока тага ве известувам дека Бу почина ноќеска во сон и му се придружи на неговиот најдобар пријател Бади“, стои во објавата на неговата сопственичка.