Почина актерот Јафет Кото, познат филмски негативец од 70-тите

Од:

Јафет Кото, актерот познат по улогите во филмовите „Осмиот патник“ (Alien) и „Џемс Бонд: Живеј и пушти другите да умрат“ и ТВ-серијата „Оддел за убиства“, починал во 82-та година од животот, потврди неговиот агент.

Сопругата Теси Синахон, која беше во брак со актерот скоро 24 години, ја објави тажната вест на Фејсбук.

„Тажна сум и се уште во шок… Тој почина вчеравечер околу 22 часот и 30 минути по филипинско време. Глумеше негативец во повеќе филмови, но за мене беше вистински херој, добар човек, добар татко, добар сопруг и пристоен човек каков тешко се наоѓа… Беше еден од најдобрите актери во Холивуд, беш легенда. Почивај во мир, душо, ќе ми недостигаш секој ден, мој најдобар пријателу, моја карпо“, напиша Синахон.

Кото е роден во Њујорк на 15 ноември 1939 година, а глума почнал да учи на 16 години во студиото Мобил Театар. До својата 19 година дебитирал на театарската сцена во „Отело“, а настапувал и на Бродвеј, во претставата „Големата бела надеж“.

Во долгогодишната кариера се појавуваше во бројни телевизиски серии, вклучувајќи ги „Закон и ред“ и „Хаваи 5-0“. Сепак, најпозната остана неговата улога во филмот со Џемс Бонд од 1973 година, во кој го глумеше корумпираниот карипски диктатор д-р Кананга, но и неговото алтер его – Биг.

Освен сопругата, Кото зад себе ги остава и своите шест деца.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето