Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето

Од:

Мартин Скорсезе потврди дека на крајот на годината ќе започне со снимање на нов филм според книгата „Животот на Исус“, напишана од Шусаку Ендо, пренесува Variety.

Ендо го напиша и романот „Тишина“, врз основа на кој Скорсезе во 2016 година сними истоимен филм со Ендрју Гарфилд и Адам Драјвер.

Наградуваниот режисер рече дека филмот ќе биде сместен во модерното време, но дека не сака да се ограничува на периоди бидејќи сака филмот да биде безвременски.

Исто така, режисерот потврди дека неговиот нов филм ќе трае 80 минути, за разлика од неговиот минатогодишен филм „Убиство под цветната месечина“, кој траеше 206 минути.

Што се однесува до самата содржина, Скорсезе рече дека филмот ќе ги истражува принципите на Исусовите учења, но не со цел да ја преобрати публиката.

„Се обидувам да најдам нов начин да ја направам религијата подостапна и да ги отстранам негативните конотации поврзани со организираната религија“, објасни Скорсезе.

„Во овој момент, кога ќе го изговорите зборот религија, секој е подготвен за борба затоа што религијата не разочара на многу начини. Сепак, тоа не мора да значи дека првиот импулс бил погрешен. Ајде да се вратиме назад. Ајде само да размислиме за тоа. Можете да ја одбиете. Но, исто така, таа може да направи разлика во начинот на кој го живеете вашиот живот, дури и ако ја одбиете. Не ја отфрлајте толку лесно. За тоа зборувам. И го велам ова како некој што за неколку дена ќе наполни 81 година“, рече Мартин.

Скорсезе работеше на сценариото за филмот со критичарот и режисер Кент Џонс, познат по драмата „Дијана“ од 2018 година.

Заедно со филмот за Исус, Скорсезе се подготвува за уште еден проект – историскиот филм „The Wager“ во кој главната улога ќе ја има Леонардо ди Каприо. Филмот беше најавен уште во 2022 година, но датумот на продукција не е познат.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ