(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Од:

Кевин Костнер со солзи во очите ја дочека премиерата на неговиот филм „Horizon: An American Saga“, чиј режисер и главен актер е тој.

Со него беа неговите седум деца, додека најмладиот син игра и во филмот на кој Костнер работеше со децении.

По проекцијата, актерот доби седумминутни овации кои го расплакаа.

„Жал ми е што мораше да аплаудирате толку долго за да сфатам дека треба да зборувам. Вие сте добри луѓе… Ова е толку прекрасен момент, не само за мене, туку и за актерите кои се тука со мене. За луѓето кои веруваа во мене, кои продолжија да работат ова е забавна работа и многу ми е мило што ја најдов. Нема да го заборавам ова никогаш.

Еднаш истакна дека негов најголем страв е некој друг да му ги воспитува децата.

„Мојот најголем страв е дека моето ново дете ќе го одгледа некој друг, што значи дека мојот живот би завршил прерано. Нема да можам да го научам што значи да се биде маж. Сакам да бидам личност која ќе му каже за животот“, рече Костнер.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ