Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Од:

Бен Афлек стекна светска слава преку бројни актерски и режисерски остварувања, од кои многу добија пофалби од публиката и критиката.

Сепак, еден филм режиран од актерот за него рече дека бил страшен.

Станува збор за неговиот прв режисерски напор, краток сатиричен филм од 1993 година наречен „Ја убив мојата сопруга лезбејка, ја обесив на кука за месо и сега имам договор за три слики во Дизни“, пренесува Far Out Magazine.

Заплетот на филмот следи голем број актери, но сè се врти околу режисерот кој се чувствува изневерен од хомосексуалноста на неговата сопруга, која ја убива, а пред тоа и раскажува за една млада актерка која ќе биде главна ѕвезда во неговиот нов проект.

На прашањето за овој филм, Афлек рече дека го прогонува.

„Тоа е страшно. Знаев дека сакам да бидам режисер и снимив неколку кратки филмови, но ова е единствениот што ме прогонува“, изјави тој за Entertainment Weekly, а пренесува Far Out Magazine.

Во интервјуто тој додаде дека овој филм изгледа како да е направен од некој кој нема перспектива.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ