По колку би добиле ако рамномерно се поделат сите пари на светот?

Од:

Кога ќе се прашаме колку пари циркулираат низ целиот свет или колку секој жител од планетата би добил кога тие пари рамномерно би се распределиле,  мораме да земеме предвид неколку фактори, пишува Блиц.

За почеток, знаеме колку има луѓе на Земјата – се проценува околу 7,25 милијарди. Сега мораме да утврдиме колку има пари.

Да тргнеме од примерот САД. Американските Федерални резерви испитувале колку американски долари се на располагање на целата планета. Тука се мисли на вистински пари-кеш, значи, на сите постоечки банкноти и монети.

Од економски агол, оваа количина се означува со терминот M0 залихи на пари. Таа ги вклучува сите банкноти и монети во светот: сите оние скриени во перници, заборавени по џеповите, како и парите во трезорите на банките и на улиците. Апсолутно целиот кеш. Според податоците на Федералните резерви во САД во јули минатата година вредноста на М0 залихи (американски долари, не и другите валути) беше 1,2 билиони долари или во бројки: 1.200.000.000.000 долари.

Но, потсетете се дека има повеќе пари отколку што навистина постојат во кеш. Парите вртат низ нашиот економски систем и така ја мултипликуваат својата вредност. На пример:

– вие имате еден денар

– тој еден денар го ставате на својата тековна сметка во банка

-банката го позајмува тој денар на некој друг (му дава кредит)

– тој некој го зема едниот денар и купува некоја стока од вас

– вие повторно имате еден денар во кеш, плус оној еден во банката – вкупно два денари.

На тој начин од еден денар во кеш практично настанале четири денари. Во време на нови економски просперитети, парите повеќе се движат низ системот и повеќе ги има во обрт. Кога има криза, вие го немате тој еден денар да го ставите на тековна сметка, банката нема еден денар да го позајми на некој друг, а тој некој нема пари да купи стока од вас. Помалку пари се во оптек.

Затоа мораме освен вкупната количина кеш да пресметаме и дополнителната количина пари во оптек (парите на тековната и штедната сметка на граѓаните, парите во фондовите..). Како што гледате, пресметувањето на вкупното количество пари само во САД е многу комплицирана рбота, а можете да замислите колку задачата е тешка на ниво во целиот свет.

Сепак, упорни луѓе отсекогаш постоеле, како што е Мајк Хјуит, уредник на економскиот блог „DollarDaze.co“. Тој во декември 2010 година пресметал дека вистинската количина кеш на Земјата изнесува 5,2 билиони во доларска противредност, додека „невидливата“ количина, онаа на екраните на банарксите компјутери, изнесува 75 билиони.

И тука доаѓа до завршница на нашите пресметки:

1) Кога целиот постоечки кеш во светот (5,2 билиони долари) подеднакво се поделат на сите жители во светот (7,25 милијарди), секој би добил приближно по 717 американски долари.

2) Кога вредноста на своите пари во обрт ширум светот (75 билиони долари) подеднакво се поделат на сите жители во светот (7,25 милијарди), секој би добил приближно по 10.344 американски долари.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ