Пиво повлечено од продажба поради контроверзно име

Од:

Синџирот продавници „Хејненс“ од сојузните американски држави Охајо и Илиноис го повлече од продажба пивото „Свит Бејби Исус“ поради навредливо име.

Очигледно во светот постојат работи што не треба да се мешаат, како што се алкохолот и религиските личности.

– Кога и да се обидете да ги поместите границите на контроверзното, нормално е дека тоа на некого ќе му пречи. Но, не треба да е навредливо, нема намера да навреди никого, изјави Дејв Бенфилд, основачот на пиварата „ДуКлав Брувинг“.

Според Бенфилд, да знаел дека ќе предизвика толку проблеми, производот никогаш немало да биде претставен на пазарот.

Изреката „Свит Бејби Исус“ во англиското јазично подрачје се користи како израз на изненадување што има првенствено позитивно значење. Сепак, голем број христијани се најдоа навредени поради отвореното непочитување на централната библиска личност.

Пиварата „ДуКлав“ ги произведува и пивата „Моргазм“, „Гилти Филти Соул“ и „Дрти Литл Фрик“.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски