Пиксел, со 10 сантиметри, e најниската мачка во светот

Од:

Мачката Пиксел би можела да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најниска мачка во историјата, јавува „Дејли мејл“.

Таа е возрасна мачка од расата манчкин и восока е околу десет сантиметри.

Ако се потврди нејзината височина, Пиксел ќе ја преземе титулата за најниска мачка која некогаш живеела од Сија, која била висока 13,6 сантиметри.

Пиксел може да ја продолжи семејната традиција затоа што во моментов официјално најниска жива мачка е нејзината мајка, Физ Гири, со височина од 15,2 сантиметри.

Сопственичката на Пиксел, Физ Гирл и уште неколку манчкин мачки  Тифани Кјелдергард од Калифорнија е сигурна дека наскоро ќе и пристигне потврдата од Гинисовата книга на рекорди.

Таа изјавува дека нејзините мачки освоиле многу срца.

– Дури и луѓето кои не сакаат мачки, лудуваат по нив. Тие раскажуваат за тоа дека се слатки и дека сакаат да ги земат со себе, рече Тифани.

Манчкин е релативно нова раса мачки, кои ги карактеризираат кусите нозе што се последица на генетска мутација.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он