Перче коса, кое припаѓало на царот Франц Јозеф, последниот владател на Хабсбуршката династијата е продадено вчера на аукцијата во Виена за 13.720 евра.
Еден од наследниците на царевиот собар Еуген Кетерли одлучи да го продаде ова перче. Идентитетот на купувачот не е објавен.
Продадени се и други лични предмети на Франц Јозеф кој владеел со австро-унгарското царство од 1848 година до неговата смрт во 1916 година: копче за манжетни за 8.750 евра, позлатен брош за 6.875 евра, шамивче со иницијалите „FJI“ (Франц Јозеф император) за 2.750 евра.
Оваа нова продажба го потврдува постојаното воодушевување по остатоците на австро-унгарското царство.