Паркинсоновата болест Хитлер го чинеше губење на војната?

Од:

Дејли Меил – Лондон

Врз основа на тврдењето од една најнова контроверзна студија, Паркинсоновата болест можеби имала решавачка улога во поразот на Адолф Хитлер.

Имено, во истражувањето се тврди дека невролошката болест влијаела на некои од најголемите одлуки на овој диктатор, го направила непресметлив и на крај го довела до губење на Втората светска војна.

Се оди дури и чекор понатаму и се тврди дека ужасните и нехумани убиства на Хитлер всушност се последица од болеста која влијаела на неговиот променлив темперамент.

Истражувањето го водел Рагав Гупт со тим од Универзитетот во Питсбург.

– Можноста Хитлер да страдал од Паркинсонова болест долго беше предмет на дебати, рече Гупт.

Видео доказите укажуваат на прогресивно однесување на неговите моторички функции од 1933 до 1945 година, а пред крајот на својот живот, имал изразено тресење на рацете, што предизвика полемики околу тоа дали боледува од оваа болест.

Паркинсоновата болест исто така може да предизвика бавно одење, подгрбавено држење и тап поглед, заедно со когнитивните нарушувања како што се недостиг на фантазија и општа апатија.

Истражувачите сугерираат дека состојбата на Хитлер можеби влијаела на тоа прерано да ја нападне Русија во 1941 година и укажуваат на негови други лоши одлуки како што е неуспехот на одбраната на Нормандија во 1944 година, како и одржувањето на силите во Сталинград во 1942 година.

Во истражувањето исто така недостигот на покајување и сочувство кај Хитлер се поврзуваат со Паркинсоновата болест.

– Нехуманата личност на Хитлер одбележана со недостиг на сочувство и каење, може да се припише на неговата состојба, наведувајќи го да се однесува на начини кои денес се карактеризираат како брутални, сурови и неморални, велат авторите на истражувањето.

Проблем на оваа теорија е дека не може да се објасни однесувањето на Хитлер пред 1933 година, бидејќи тој покажувал знаци на деструктивен темперамент многу пред појавувањето на симптомите на Паркинсоновата болест.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ