Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Од:

Македонско-бугарските преговори и договори не смеат повеќе да бидат тајни. Ова е клучен документ за Македонија и владата не смее да брза да го потпише, алармираат експерти, правници, познавачи на Европската Унија, историчари со кои разговараше „А1он“.

Неколку организации во чиј фокус е Европа и нејзините политики денес се огласија преку соопштение во кое велат дека решението за македонскиот јазик не е чисто, историските теми остануваат на маса, аргументите „сега или никогаш“, „земи или остави“ не се оправдани.

Првиот човек на Институтот за демократија, кој важи за експерт за овие теми, вели македонскиот јазик воопшто го нема во предлогот за кој Владата вели дека треба да се прифати.

„Македонскиот јазик не е чист! Официјалниот јазик на земјата кандидат ЕУ го признава во поглавје 34. Него го нема во предлогот што го фали владата. Кога ќе дојде време да се отвори/затвори, немаме гаранција- ќе биде многу гнасно и далеку од чисто”, вели за „А1он“ Трошановски и додава:

„Мислам дека за ваков документ, кој е еден од најважните во историјата на нашата независност, апсолутно дека Собранието мора да го има последниот збор, дури мислам дека може да се земе в предвид и референдум за него. Морам да потенцирам дека поради тоа што во ризиците од имплементација на ваквиот предлог најмногу се прекршуваат на грбот на македонскиот народ, апсолутно не смее да се заобиколи мнозинската волја изразена во парламентот на доминантната етничка заедница во земјата“, вели Трошановски.

Договорот не смее да се прифати е став и на историчарот професор Тодор Чепреганов, кој за „А1он“ вели

„ Апсурдно е! Срам и арам и нецивилизациски е ова што се прави, ајде Бугарија да ја оставиме настрана, тие не биле цивилизирани никогаш, меѓутоа нецивилизациски од страна на Европа! Затоа што Европа си ги покажува сите свои принципи. Слобода на мислење, демократија…, сетоа тоа го погазува! „

„ Овој француски предлог е во основа бугарски предлог со француски целофан завиткан и го ништи сетоа она што до сега го постигнала Македонија – идентитет, јазик и култура.

И тоа нема да се случи одеднаш туку агонијата долго ќе трае, полека полека за 20 години, со сите овие работи кои ги предвидуваат да ги направат со Договорот, Македонија ќе се бугаризира!“

„Договорот со Бугарија каде што се зборува за заедничка историја, за ист народ, за воспоставување заеднички херои… сето тоа го направивме ние самите. И за тоа треба да си одговараат сите македонски политичари кои учествуваа во тоа“

За него единственото решение е прекинување на Договорот и здравје кога ќе бидат подобри условите ќе можеме да продолжиме да работиме.
Целосните интервјуа со Трошановски и Чепреганов погледнете ги во видеото .

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ