Париз планира „Плоштад на принцезата Дијана” на местото каде што загина

Од:

Париските градски власти планираа местото на кобната сообраќајна несреќа на британската принцеза Дијана од 1997 година да го именуваат по неа.

Близу тунелот каде што загина принцезата, се наоѓа споменик во облик на златен пламен. Малиот плоштад сега го носи името на оперската дива Марија Калас.

Предлогот за преименување на плоштадот во „Плоштад на принцезата Дијана”, ќе биде ставен на гласање наредниот месец.

Градот на овој начин сака да ѝ оддаде почит на принцезата Дијана за нејзината добротворна работа.

Лејди Ди, нејзиното момче и возачот пред 22 години загинаа откако нивниот Мерцедес удри во бетонски столб во тунелот.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Принцот Хари: Принцезата Дајана била прислушувана од новинари од таблоидот Сан

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он