Папагалот Шакир е страстен поддржувач на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, кој со своите навивачки песни привлече внимание на посетителите во петшопот во градот Маниса на западниот дел на Турција, јави Анадолија.
Сопственикот на петшоп Нијази Ерлап за АА рече дека неговиот папагал Шакир има пет години и дека знае да изговара повеќе од 70 зборови, но најчесто ги повторува навивачките слогани на Фенербахче.
– И јас навивам за Фенербахче. Пресреќен сум кога мојот папагал изговара „Фенер шампион“. Во продавница често ми доаѓаат навивачи на Фенер, рече Ерлап.
– Фенер, гол, гол… љубов, татичко, се зборови кои покрај песната „Фенер шампион“, папагалот Шакир најчесто ги зборува. Неретко кога неговиот сопственик е нерасположен, овој несекојдневен папагал фудбалски фанатик, луто ќе возврати „ќе ти ја скршам главата“.