Децата кои имаат подобра меморија се подобри и во лажењето, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Шефилд на група шестгодишни и седумгодишни деца.
И додека на сите гордо им велите дека вашата мала умница побрзо од своите врсници ја совладала песничката, би требало да го знаете и следново: децата кои имат подобра меморија се подобри и во лажењето. Ова е заклучок од студијата, објавен во Списанието за експериментална детска психологија.
Во истражувањето учествуваа група од шестгодишни и седумгодишни деца, кои решавале квиз со картички. На задната страна на картичката го пишувало одговорот, така што на малите деца им е оставена можноста да го погледат кога никој не ги гледа. Скриените камери секако ги забележале малите измамници.
Потоа истражувачите ги интервјуирале децата, а одредени прашања се однесувале на одговорите на задниот дел од картичките.
Утврдено е е дека добрите лажговци имаат исклучителна врбална меморија, односно можат да запомнат голем број зборови. Од друга страна не постои врска меѓу визуелно-просторната меморија, односно помнењето на сликите и вештината за измама.