Овнот Крис конечно истрижен, волна доволно за 30 џемпери

Од:

Четириест килограми волна, што е еквивалент на 30 џемпери, истрижени се од изгубената овца која е пронајдена во Австралија.

Теми Вен Данге, диеркторка на канцеларијата на службата за спасување и заштита на животните (RSPCA) од Канбера, рече дека RSPCA спасила див, кастриран мерино овен наречен Крис и додаде дека се надева дека количеството волна истрижена од него ќе биде запишана во Гинисовата книга на рекорди.

Крис така го надмина рекордот на овенот по имен Шрек од Нов Зеланд, кој шест години се криел во пештери и имал волна со тежина 27 килограми.

Овнот, кој по стрижењето е тежок 44 килограми, се опоравува во прифатилиште во Канбера, бидејќи за да го стрижат морале да го стават под анестезија.

Овен Крис истрижен

Крис, наречен по овцата до ТВ серијата „Father Ted“ пронајден е во резерват во близина на Канбера, неколку километри од најблиската фарма.

Крзното на Крис премногу е долго за да се искористи, па спасителите се надеваат дека ќе заврши во музеј.

Австралиските мерино овде се одгледуваат заради волната и еднаш годишно се стрижат, а тежината на волната е околу пет килограми.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он