Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Од:

Во присуство на членовите на семејството беше отворен тестаментот на покојниот италијански премиер и магнат Силвио Берлускони.

Секое од неговите пет деца доби подеднаков дел од расположливиот имот на чадор-компанијата на Берлускони Финиинвест. Неговата партнерка Марта Фасини и братот Паоло Берлускони добија аманет од 100 милиони евра. Триесет милиони му беа дадени на поранешниот сенатор и негов личен пријател Марсело Дела Утри, кој рече дека е шокиран од гестот.

Така, поголемиот дел од компанијата „Фининвест“ им припаѓа на неговите најстари деца, Пјеро Силвио и Марина, кои, со оглед на нивниот удел од порано, сега заедно имаат 53 отсто од компанијата со еднакви број акции.

Остатокот од имотот е исто така поделен на децата според истата шема – расположливиот дел во еднакви делови плус нивниот дел од имотот од порано.

Одлуката за Фининвест и капиталот е донесена уште во 2006 година. Берлускони го напиша својот тестамент на 2 октомври на страниците на неговата жолта тетратка. На еден лист има 11 реда, а на другиот десет.

Во 2020 година, Берлускони додаде одредби во корист на неговиот брат.

Италијанските медиуми јавуваат дека Берлускони во 2006 година решил расположливиот дел од својот имот да го префрли на двете првородени деца за да обезбеди рамнотежа, бидејќи во тоа време тој сè уште беше во брак со Вероника, со која ги добија ќерките Барбара и Елеонора и синот Луиџи.

Холографскиот тестамент оставен од Силвио Берлускони не содржи детали за неговиот имот или проценка на целиот негов имот, кој покрај Фининвест вклучува многу згради и вили.

Берлускони оставил и писмо за децата.

– Ви благодарам, многу љубов до сите вас, вашиот татко – напиша Берлускони.

Се огласија и од компанијата Финиинвест.

– Марина Берлускони, претседател на Одборот на директори и Пјер Силвио Берлускони, Барбара Берлускони и Луиџи Берлускони, директорите, откако го прочитаа тестаментот на нивниот татко Силвио Берлускони, ја информираат јавноста дека никој нема да има индиректна единствена контрола врз стопанството кое претходно го држеше нивниот татко – се наведува во соопштението за медиумите.

Би можело да ве интересира

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две

ЕК: Вотката од Путин за Берлускони ги прекршува европските санкции

А1он