Отриени потомоците на Леонардо да Винчи

Од:

Двајца италијански научници успеале да ги откријат и да ги идентификуваат потомците и роднините на прославениот ренесансен сликар Леонардо да Винчи, користејќи се само со генеолошките податоци.

Историчарите Алесандро Везоси и Агнезе Сабато успеале да пронајдат вкупно 35 потомци на Да Винчи, меѓу кои најпознат е италијанскиот филмски и театарски режисер Франко Зефирели.

Леонардо да Винчи починал во Тоскана во 1452 година. Тој никогаш не се оженил и нема директни потомци.

Посмртните останки на Да Винчи исчезнале во бурните времиња на 16. век во денешна Италија, па научниците не можеле да прават ДНК тестови за своите откритија и затоа историчарите Везоси и Сабато се насочиле само на генеологијата.

Потрагата по потомците на прославениот сликар почнала уште во 1973 година, со изработката на неговото „семејно стебло“.

Оние Италијанци, кои двајцата научници сега ги посочуваат како роднини на Да Винчи, во најголемиот број се уште живеат во провинцијата Тоскана.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ пишува дека не е изненадување податокот дека режисерот Зефирели е роднина на Леонардо да Винчи.

Уште во 2007 година, примајќи ја од италијанскиот претседател престижната награда „Леонардо“, Зефирели зборуваше за своето потекло и за своите корени, одејќи наназад до средниот век и времето на Ренесансата, наведува „Ла Стампа“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска