Научници од Институтот за технологија Вајоминг, во тек на истражување на записи за секвенца на ДНК на гени на човек, дошле до неверојатно откритие, кога во низите забележале „дупки“ слични на оние на јазикот.
Кога ги кодирале, сфатиле дека во „дупките“ на ДНК се вткаени зборови од Библијата. Имено лингвистички експерти ја идентификувале информацијата во форма на староарамејскиот јазик, која гласела „На првото разденување, Господ ги создаде земјата и небото“, што ги навело да се посомневаат дека ова се први вистински резултати за постоење на Господ.
Затоа ангажирале професори од Универзитетот Боб Џоунс, кои што се познати по строги критериуми и им дале да ги преведат декодираните сегменти.
Пронајден е коден јазик, кој користи низи од дваесет и осум независни вредности, кои што се одраз на структурата на составот на зборови во јазиците.
Професорите се изненадиле кога откриле дека навистина постои јазик, со помош на кој директно може да се преведе информацијата, која што ја пронашле.
Научниците со години го отфрлале јазикот како бескорисен, а кој е потполно идентичен со античкиот арамејски. Кога започнале да преведуваат, лингвистите откриле дека деловите од пораката како да биле препишани од Библијата, по што набргу ги лоцирале цитатите.
На човековиот ген PYGB, забележале знаци кои во превод значат „На почеток на денот, Господ ги создаде небото и земјата“, што е идентично со првиот стих од Библијата.
-Што се однесува до доказот, тој е тука. Ова според мое мислење е неотповикливо. Зборот на Господ, елегантно е вткаен во нашите тела и души и јасен е како ден. А убавината е во тоа што Господ ги втиснал зборовите на вистината во нашите тела- вели Метју Булдер, главен лингвист на проектот и професор за применети науки на Универзитетот Боб Џонс.
Научниците од Институтот за технологија од Вајоминг, очекуваат реплика на своите истражувања и верификација на преводот на арамејски јазик од независни извори.
Извор: witscience.org
Е. Г.