Спектакуларен замрзнат водопад се формираше на една зграда во Кина, затоа што сопственикот оставил врела вода од чешмата да тече во текот на целата зима.
Вен Хсу, сопственик на станот на седмиот кат, бил загрижен дека цевките во текот на зимата ќе замрзнат, па дошол на идеа да ја остави отворена славината од која течела врела вода. Зградата требаше да се урне за да се изгради шопинг центар, но Вен Хсу одбивал да го продаде неговиот стан.
Затоа што сите други станови биле продадени освен неговиот, бил загрижен дека од ниските температури во текот на зимата цевките ќе замрзнат, што за него би значело дека мора да бара друг стан.
– Ако цевките се замрзнаа, ќе морав да се иселам. Цената која ми ја нудат за мојот стан е навистина мала и не е доволна за да најдам друго место за живеење. Одбивам да одам затоа што немам каде, изјави Хсу.
Создавањето на замрзнат водопад на зградата го привлече внимание на медиумите и моментално се работи на решавање на овој проблем.
– Времето сега е потопло, така што нема повеќе опасности од замрзнуање на цевките, макар што би морал да почекам да се стопи водопадот, заклучи овој упорен Кинез кој се враќа во неговиот стан.