Омиленото одморалиште на Бил Гејт се наоѓа во Хрватска

Од:

Скрадин, хрватски град што долго време беше надвор од туристичките карти, сега станува многу популарно одморалиште што е обожавано и од основачот на Микрософт и најбогат човек во светот Бил Гејтс.

Пред шест илјади години на ова подрачје дојдоа првите племиња на Илирите и во него ја побараа својата среќа. Може да се каже дека го најдоа тоа што го бараа, затоа што поради одличната положба и убавата природа, значењето на Скрадин непрекинато расте.

Некогашната Скардона била важно пристаниште и засолниште на римската војска, но и важно трговско седиште.

Во текот на VI век е уништена и опустошена, но Словените подоцна ја обновиле. Во текот на XIII век на власт во Скрадин дошле Брибирските кнезови и градот се развил во типично далматинско место.

Меѓу најпознатите владетели биле Шубиќи-Брибирски кои Скрадин го прогласиле за главен град на Хрватска и Босна.

Долгата историја оставила своја трага врз голем број локалитети во градот, но и во неговата околина. Најзначајниот археолошки локалитет што се наоѓа на само 15 километри од Скрадин е Брибирската главица, попозната под името „Хрватска Кула“. Ова е локалитет каде може да се следи текот на животот на ова подрачје, од праисторијата до доцниот среден век.

Ако застанете на популарното одморалиште Крка, како на дланка ќе Ви се отвори поглед врз градот што лежи во заливче. Тоа што прво се забележува е камбанаријата на барокната црква „Рожество на Пресвета Богородица“ од XVIII век што доминира со панорамата на градот. Оваа црква била изградена во време кога со градот владееле Млетќаните и изградена е врз темели на поранешниот соборен храм, што бил униптен во походите на Турците османлии.

Интересно е дека црквата и камбанеријата меѓусебно се оддалечени 20-тина метри, а меѓу нив се наоѓа плоштадот Рожество на Пресвета Богородица, каде се сместени парохијата и градското собрание. Втора црква во градот е православната црква „Св. Спиридон“ од XIX век, што била подарок од царот Фрањо Јосип за населението. Во непосредна близина е Музејот на градот што може да се пофали со богата античка збирка. На ридот тврдината Турин од XIV век, од која се нуди многу убав панорамски поглед на градот и околината.

Сместен на вливот на реката Крка во морето, Скрадит е еден вид чувар на „водениот“ влез во Националниот парк Крка. Неговата позиција се покажа идеална за пристаниште во текот на историјата и затоа не е чудно што тука се сместени марината која секоја година ја посетуваат многу луксузни јахти каде се кријат познатите светски ѕвезди. На местото на кое се наоѓа градската марина порано, во времето на римското владеење, се наоѓало природно пристаниште за кое сведочат многу наоди од морето, но и вила романка во непосредната близина.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Извршниот директор на фондацијата Гејтс најави најголем годишен буџет досега

А1он

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска