Од секретарка до африканска кралица

Од:

Пегилејн Бартелс пет години работела како секретарка во Вашингтон, пред да стане африканска кралица.

Звучи како сценарио од филм, но сепак е вистина. Таа работела во амбасадата во Гана и живеела во скромен стан, кога во 2008 ја разбудил телефонски повик во четири часот наутро кој ги го променил животот.

Телефинскиот повик бил од нејзина роднина од Отуам, мало рибарско село на брегот на Гана, која и честитала на Бартелс за тоа што станала нова кралица на Отуам.

– И кажав дека е четири часот наутро и многу сум уморна, да ме остави да спијам, бидејќи мислев дека се шегува со мене, изјави Бартелс.

Нејзиниот вујко, дотогашен крал на африканското село починал, па Советот на старците кои ја запамтиле Бартелс од времето кога доаѓала со нејзината мајка, решиле да ја прогласат за нов владетел.

Кога сфатила дека не станува збор за шега, решила да ја прифати улогата на кралица со 7.000 поданици, но и понатаму останала да работи во амбасадата.

Единаесет месеци пишува писма, закажува состаноци, а потоа еден месец живее како кралица, односно како крал бидејќи тоа е традиционалниот назив на владетелот на Отуам.

За најголем свој успех, го смета тоа што досега успеала на неколку сиромашни семејства да им плати школарина и за децата да донесе компјутери во селската училница.

Приказната за кралицата Бартелс нејзината пријателка, Еленор Херман ја раскажала во книга, а холивудската ѕвезда Вил Смит ги откупи правата да сними филм, во кој главниот лик ќе го глуми Квин Латифа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска