Обновен Детскиот креативен центар

Од:

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ денеска ќе го отвори обновениот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар. ДКЦ е прв специјализиран центар во Македонија кој нуди јазични и математички ресурси и активности во кои учениците ќе може да се вклучат со своите родители и наставници.

 – Просторот во ДКЦ се надополнува со нови активности, па тука наставниците ќе добијат можност да ги прикажат позитивните примери од својата наставна практика. Учениците од почетните одделенија од сите региони во државата, со македонски и албански наставен јазик, се повикуваат да ги користат многубројните материјали кои ги нуди центарот, библиотеката со детска литература, математичките игри и активности, интерактивните смарт табли и компјутери, соопшти УСАИД, кој со настанот ќе го одбележи Меѓународниот ден на писменоста.

„Со читање до лидерство“ има цел да ја  подобри раната јазична и математичка писменост. Проектот, кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија,  соработува со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и со други образовни институции.

На отворањето на обновениот Детски креативен центар во МКЦ се најавени обраќања на директорите на Мисијата на УСАИД во Македонија  Џејмс Стајн, на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ и на Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник