Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска.
Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.
Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.
Од земјите во регионот, Словенија е најсреќна и се наоѓа на 22 место, Косово е на 34, Србија на 45, Хрватска на 48, а Унгарија на 51. Црна Гора е на 67 место во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е на 71 место на листата.
Грција се наоѓа на 58 место, Бугарија на 77 место, а Албанија е 83 на листата.
Македонија е последна на листата од земјите во регионот и се наоѓа на 87 позиција.
На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.