Новинарите, учителите и полицајците пијат најмногу кафе

Од:

Кафето е ароматичен напиток кој поголемиот број од нас го пијат наутро. Но, некои професии го сакаат кафето повеќе од другите. Новинарите, учителите, полицајците, водоинсталатерите и трговците пијат најмногу кфе дневно, покажа новото истражување.

Истражувачите открија дека припадниците на горенаведените професии пијат четири до пет филџани кафе на ден. Листата на занимања кои најмногу користат кафе продолжува со медицинските сестри, медицинскиот персонал и раководителите на компании, кои во просек дневно пијат три до четири филџани кафе.

На листата се најдоа и компјутерски инженери и возачи. Експертите се поделени околу тоа дали кафето е добро или лошо за здравјето. Прессат, компанијата која го спроведе ова истражување, испитла околу десет илјади професионалци и дојде до заклучок дека 85 отсто од испитаниците пијат најмалку три филџани кафе на ден, јави „Дејли Мејл“.

Речиси 70 отсто признале дека нивната работна способност е намалена без дневниот внес на кафе. Според HS Choices, внесувањето на повеќе од четири филџани кафе на ден може да го зголеми крвниот притисок и да доведе до дехидрација доколку кафето е единствен извор на течност. Претходните студии исто така го поврзаа зголеменото внесување кофеин со дијабетисот, срцевите болести и мозочниот удар.

Но, други истражувања покажаа дека умереното конзумирање кафе (ококлу четири филџани дневно) го намалува ризикот од затајување на срцето, најверјотно поради антиоксидансот, спојот кој го намалува воспаленијата во телото. Се сугерира дека кофеинот го намалува заморот и главоболката. Експертите сугерираат дека ритуалот на пиење кафе е всушност знак за масовна зависност од дрога.

– Луѓето кои редовно конзумират кофеин ќе станат зависни од него. Ако им го земете кофеинот, тие ќе функционират многу под своите вредности, вели Петер Роџерс, професор по биолошка психологија на Универзитетот во Бристол и експерт за кофеин.

– Тие едноставно не функционираат нормално без кофеин. Ако се работи за првото дневно кафе или чај, тоа ве враќа во нормала.

Роџерс го проучува кафето и неговото влијание повеќе од 20 години, а како резултат на тоа, и тој и членовите на неговиот тим престанаа да конзумираат кафе и кофеин.

– Кофеинот не е особено корисен за рамнотежата. Предизвикува чувство на повлекување и го зголемува крвниот притисок што и не е добра работа, рече Роџерс.

Истражувањето покажа дека во просек мажите пијат повеќе кафе од жените. Во периодот од 1 јули до 17 август спроведено е истражувањета меѓу вработените лица, претприемачи и самовработените.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ