Лудилото по популарната телевизиска серија „Game of Thrones“ кое зема се поголем замав, отиде и до таму што стана идеја за бизнис потфат.
Имено, популарната серија инспирираше една маркетинг агенција од Сиднеј да започне бизнис со вина.
Агенцијата создаде 12 различни црвени и бели вина, кои се именувани по клановите и племенските заедници од серијата.
– Црвените вина се поврзани со куќи на силните и цврсти ликови од серијата, додека белите вина ги симболизираат мистериозните и итри ликови. Овие вина се дизајнирани да им ја ублажат болката на „навивачите“ кога страда нивниот лик, соопшти Агенцијата.