Нострадамус предвидува дека во 2019 година ќе започне Апокалиптична војна која ќе трае скоро 30 години

Од:

Според предвидувањата од легендарниот пророк Нострадамус, кој според некои го предвидел Адолф Хитлер и рушењето на Кулите Близначки, 2019 како година ни носи почеток на триесет години страдање на човечкиот род.

Во својата книга „Пророштва“, францускиот филозоф и пророк тврди дека токму 2019 година ќе го означи почетокот на апокалиптична војна која ќе трае речиси три децении, пишува „Мирор“.

– Војната ќе започне меѓу две светски сили и ќе трае 27 години. Големото насилство ќе се поклопи со појавата на комети на небото. Нуклеарниот териризам и природните катастрофа ќе ја уништат нашата планета, се вели во пророштвото на Нострадамус.

Во својата книга опишува дека Европа ќе биде погодена од поплави, а регионот помеѓу Калифорнија и Ванкувер ќе биде погоден од катастрофални вулкански ерупции.

Нострадамус предвидува дека ќе дојде до јакнењето на екстремизмот и терористичките напади на Блискиот исток.

Меѓутоа нема се да биде така црно. Политичките лидери, според Нострадамус, ќе постигнат договор за борба со климатските промени, а ќе дојде и до напредок во медицината кој ќе ни овозможи да живееме до 200 години.

Францускиот пророк пишувал во релативно мистеризен стил, како би ги навел читателите да веруваат дека неговите пророштва се исполнуваат и да изгледа дека ги предвидел случките.

Некои од неговите стихови се специфични, како оние во кои предвидува голем пожар во Лондон или доаѓање на Адолф Хитлер на власт.

Меѓутоа, Нострадамус исто така предвидел дека луѓето ќе развијат и способност да разговараат со животни, што покажува дека не секогаш бил во право.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ