Кога ќе погледмене што работат и како живеат познатите, секогаш помислуваме дека имаат лесен и убав живот и да се родени под среќна ѕвезда. Имаат многу привилегии, работат што ќе посакаат, сите им се восхитуваат… Сепак факт е дека ние ја гледаме само светлата страна на славата и дека никогаш не знаеме што се крие зад тој гламур и сјај.
1. На кралот на рокенролот му рекле да продолжи да вози камион, затоа што никогаш нема да успее како пејач
Пред да стане легенда која живее и ден денеска, Елвис Присли бил обично момче кое сонувало да стане пејач. Во меѓувреме возел камион и така заработувал за живот. За време на тие денови го запознал музичарот Рони Смит со кој кратко соработувал. Тој го поврзал Елвиз со лидерот на бендот Еди Бондом, кој тогаш барал пејач. Елвис отишол на аудиција и отпеал неколку песни со Еди, кој подоцна изјавил дека „Елвис никога нема да биде пејач“ и да се држи до возење камиони. Подоцна признал дека од локалот каде настапувале, барале да го одбијат Елвис.
Само неколку месеци по овој неуспех, Елвис ја снимил песната „That’s All Right“, која станала огромен хит во Мемфис. Тогаш Еди Бонд го побарал Рони Смит и го замолил да го праша Елвис дали сака да настапува со нив, што тој срдечно одбил.
2. Наставничката по музичко и рекла на Шакира дека звучи како коза и одбила да ја прими во училишниот хор
Пред да стане врвна пејачка и танчерка каква што ја знаеме денеска, Шакира била седумгодишна девојче кое сонувало за сцената, а одбиле да ја примат во школскиот хор, токму поради нејзиното силно вибрато по кое денеска е позната
И не само што ја одбиле за хор, туку нејзината наставничка била многу груба, велејќи и на Шакира дека „звучи како коза“. Сепак таа станала ширум позната токму по својот специфичен глас и танчерските способности кои малку кој ги има.
3. Џим Кери со 15 години го напуштил училиштето и работел како домар за да го издржува семејството.
Таткото на Кери, инаку музичар, работел различни работи за да ја издржува фамилијата која имала шест членови. Кога тој останал без работа, Џим бил приморан да го напушти школувањето и започнал да работи. Подоцна Кери за тој период од животот рекол – Често носев бејзбол палка, толку бев лут што имав желба да удирам во нешто.
Сепак, среќата му се насмеала и на него и денеска е еден од најдобрите комичари.
4. Џ.К. Рулинг во 1994-та година била разведена и живеела од социјална помош и немала со што да го прехрани бебето.
Во суштина таа била толку сиромашна што, за време на пишувањето на првата книга за Хари Потер, не можела да си дозволи фотокопија на романот од 90 илјади зборови, а уште помалце да купи компјутер. Затоа рачно го препишала романот неколку пати и испратила примероци до разни издавачи. Сите одбиле да ја издадат нејзината книга освен една мала издавачла куќа од Лондон, што дала шанса на нејзината книга откако ќерката на генералниот директор ја прочиталча и била воодушевена со неа.
5. Опра Винфри израснала во прилично голема сиромаштија, силувана е повеќе пати од својата девета година, од домот побегнала на 13 години, а на 14 родила син кој набрзо починал.
Опра имала многу лошо детство. Додека нејзината мајка работела, таа околу шест месеци живеела со баба и, а условите во кои живееле биле толку лоши што носека вреќа од компири наместо облека, поради што другите деца често и се потсмевале. Подоцна, по неколку тешки години кога буила малтретирана од својот вујко и неколку семејни пријатели, од својата девета година, Опра побегнала од домот кога наполнила 13. Година дена подоцна родила син, кој набрзо починал. Сепак Опра со многу волја и упорност го надминала минатото и станала прва Афро-американка милијардер и успешна водителка која е сакана ширум снегот.
6. Еминем бил често злоставуван во училиште, а неговата мајка дури и го тужела училишниот одбор поради тоа што не го заштитиле во доволна мера нејзиното дете.
Неговата мајка Дебора во 1982 го тужела училиштето каде одел нејзиниот деветогодишни син Маршал поради што како што кажала детето било неколку пати мачено и претепано толку многу што претрпело повреди како потрес на мозокот, губиток на видот и слухот. Најпрво било одредено да се плати отштета од 10 илјади долари, но подоцна било одбиено.
7. Заробен во сиромаштија, Силвестер Сталоне го продал своето куче Баткас за 50 долари. Кога го продал сценариото за Роки, го откупил за три илјади долари, а кучето се појавили во тој филм.
Силвестер бил толку очаен на почетокот на својата кариера што морал да го продаде својот миленик за само 50 долари. Штом го продал сценариоо за „Роки“, го контактирал човекот и побарал да го откупи кучето од него. Тоа му успеало кога одвоил 3 илјади долари, а и кучето и човекот на кој му го продал се појавиле во филмот кој го прослави Сталоне и му донесе голема заработка.
8. Пронаоѓачот на гитари Фендер, Лео Фендер, никогаш не бил во можност да свири гитара
Дека животот пишува иронија, можеме да видиме со примерот на Лео Фендер, човек кој измислил Фендер гитари и никогаш не можел да свири. Тој носел други музичари да ги испробаат неговите инструменти, бидејќи тој самиот не бил особено надарен за музика.
9. Џејмс Камерон бил возач на камиони пред да зачекори во филмската индустрија
Имено, Камерон добил инспирација да го напише сценариото дури откако за прв пат го гледал „Војна на ѕвездите“ во 1977 година. Додека го пишувал „Терминатор“, тој бил прилично сиромашен и го продал сценариото за само еден долар, под услов да го режира.
10. Волт Дизни беше отпуштен од весник заради недостаток на креативност
Во еден момент од животот, Волт Дизни работел за весникот „Канзас Сити“. Уредникот на весникот подоцна го отпуштил Дизни за неговиот „недостаток на креативност“, што е уште една голема иронија на животот.
11. Битлси биле одбиени од издавачка куќа затоа што „немаат иднина во шоубизнисот“
Пред Битлси да станат тоа што се, тие биле на аудиција во една издавачка куќа и биле одбиени по првата снимка. Објавувачите наместо тоа ги избра Брајан Пул и The Tremeloes. И која била причината за тоа?
– Оваа група е на пат да пропадне и нема да успее во светот на шоу-бизнисот, рекле тогаш од издавачката куќа Дека.
Подоцна, тие сигурно се каеле за овие груби зборови, бидејќи Битлси станале една од најголемите групи на сите времиња.
12. Во една прилика, Енцо Ферари му рекол на еден човек: „Ти можеби си способен да возиш трактор, но никогаш нема да поседуваш Ферари“. Тој човек бил Фериучио Ламборгини.
Ламборгини бил волшебник кога станува збор за механичка работа и, кога на моторот му требаше поправка, веројатно не можете да пронајдете подобар. Откако бил учесник во Втората светска војна, основал автомобилски сервис во Италија. Како голем љубител на автомобили, тој поседувал неколку, од кои едниот бил и Ферари 250 ГТ, кој му правел големи проблеми.
Ова го натерало да го посети Енцо Ферари кој му одговорил дека „проблемот не е во автомобилот, туку во возачот“ и му рекол дека наместо да се занимава со сериозни автомобили, треба да се погрижи за своите трактори. Се разбира, Ламборгини не го послушал, а неговите автомобили сведочат денес за тоа.
13. Повеќе од 1.000 ресторани го одбиле Харланд Дејвид Сандерс кога се обидел да им го продаде пилешкото, денеска неговиот КФЦ е познат на сите.
Иако го одбиле во буквално секој ресторан, Сандерс не се предал додека еднаш не го прифатиле. Денес, неговиот KFC е еден од најпознатите и најомилени ресторани во светот.
14. Јагуар и Ланд Ровер се во сопственост на Тата моторс, индиска компанија чија приказна ќе ве инспирира
Во 1998 година, Ратан Тата веќе имал своја дивизија автомобили. Како и да е, бизнисот што тој го започнал одел лошо и многумина му предлагале да ги продаде своите автомобили, за што и самиот се согласи.
Следната година тој решил да продава и контактирал со многу компании и како се чинело Форд бил заинтересиран за купување. Ратан Тата отишол во седиштето на Форд за да се договори за условите, но нивниот став кон Тата беше прилично навредлив. Поточно, претседателот на Форд, Бил Форд, му рекол: „Кога не знаете ништо за автомобилите, зошто започнавте бизнис со нив? Ние ви правиме услуга што ви го откупуваме вашиот бизнис.
Сепак, очигледно постои правило во животот дека сè што правиме ќе се врати во одреден момент. Во 2008 година, фордовиот Јагуар – Ланд Ровер бил на работ на банкрот. Нему му помогнал никој друг туку Ратан Тата, кој купи акции на „Форд“. Овој пат зборовите на Форд беа: „Вие нè правите услуга со тоа што ја откупувате нашата компанија“.